свет

Херцог: Израел се наоѓа среде уставна и социјална криза

– Израелскиот претседател Исак Херцог денес изјави дека неговата земја се наоѓа среде уставна и социјална криза во услови на превирања околу планот на Владата за реформа на правосудството,

Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout  | 06.09.2023 - Обновена : 07.09.2023
Херцог: Израел се наоѓа среде уставна и социјална криза

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот претседател Исак Херцог денес изјави дека неговата земја се наоѓа среде уставна и социјална криза во услови на превирања околу планот на Владата за реформа на правосудството, јавува Анадолу.

„Државата Израел речиси девет месеци се наоѓа среде акутна уставна и социјална криза, која опасно ги потресе општеството, економијата, а особено безбедноста на Израел“, рече Херцог во Западен Ал Кудс/ Ерусалим.

Херцог посредуваше меѓу Владата и опозицијата за постигнување компромис за планираната реформа на правосудството.

„Мора да ја решиме тешката и опасна криза меѓу различните гранки на власта и да воспоставиме здрава и правилна рамнотежа на силите меѓу нив. Време е да покажеме одговорност, да се соочиме со реалноста и да дејствуваме на сите начини за да постигнеме широк консензус“, изјави израелскиот претседател.

Во последниве месеци Израел беше во политички превирања поради планот на Владата да воведе реформи во судството што опозицијата ги смета за грабање на власта во корист на извршната власт.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, сепак, инсистира дека реформата ќе ја унапреди демократијата и ќе ја врати рамнотежата меѓу законодавната, извршната и судската власт.

Во обид да се реши кризата, претставниците на партијата Ликуд на Нетанјаху и Партијата за национално единство на поранешниот министер за одбрана Бени Ганц одржаа разговори зад затворени врати за да постигнат компромис за планираните реформи во судството.

Двете страни, според наводите, се блиску до договор за 18-месечно замрзнување на сите закони поврзани со ревизијата на правосудството и промена на законот усвоен од Кнесетот во јули, за кој опозицијата вели дека ќе ги намали овластувањата на Врховниот суд.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın