свет

Франција: Се намалува довербата во членовите на Кабинетот на Макрон

Според истражувањето на компанијата „Елабе“, спроведено на почетокот на јануари, 61 процент од испитаниците изјавиле дека не му веруваат на Макрон дека ефикасно ги решава проблемите на земјата

Alaattin Doğru   | 08.01.2021
Франција: Се намалува довербата во членовите на Кабинетот на Макрон

ПАРИЗ (АА) – Во истражување спроведено во Франција се покажа дека довербата на јавноста во огромното мнозинство членови на Владата на претседателот Емануел Макрон е намалена, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според истражувањето на компанијата „Елабе“, спроведено на почетокот на јануари, 61 процент од испитаниците изјавиле дека не му веруваат на Макрон дека ефикасно ги решава проблемите на земјата, додека 35 проценти се изјасниле дека имаат доверба во него.

Од друга страна, стапката на доверба во премиерот Жан Кастекс изнесува 25 проценти, а стапката на недоверба, 67 проценти. Осум проценти од испитаниците не го искажале своето мислење за премиерот.

Во споредба со декември, довербата во претседателот е зголемена за 3 поени, а во премиерот се зголеми за 2 поени.

Од друга страна, довербата кај повеќето членови на Кабинетот нагло опадна во однос на минатиот месец.

Довербата во министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, падна за 13 поени, и сега изнесува 43 проценти; кај министерот за финансии, Бруно Ле Мари, падна за 16 поени, и сега довербата изнесува 63 проценти; кај министерот за здравство, Оливие Веран, довербата падна за 7 поени, и сега е 68 проценти.

Довербата во министерот за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, се намали за 9 поени и сега 54 проценти од испитаниците имаат доверба во него. Од испитаниците, 65 проценти навеле дека имаат доверба во министерката за култура, Розелин Бачелот, што е намалување за 6 поени во однос на минатиот месец.

Довербата во министерот за правда, Ерик Дупонд-Морети, исто така е намалена за 6 поени, и според последната анкета изнесува 53 проценти. Кај министерот за образование, Жан-Мишел Бланкер, довербата е намалена за 8 поени и сега изнесува 47 проценти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın