ФБИ: Саудиска Арабија од САД ги криумчари обвинетите за тешки кривични дела
Во извештајот на Федералното истражно биро на САД (ФБИ) се наведува дека речиси сигурно властите во Саудиска Арабија им помагаат на државјаните вмешани во тешки кривични дела да избегнат судски процес, за да го заштитат имиџот на земјата

ВАШИНГТОН (AA) - Американските функционери веруваат дека властите на Саудиска Арабија „речиси сигурно“ им помагаат на своите државјани да избегаат од САД кога се обвинети за тешки кривични дела, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на Федералното истражно биро на САД (ФБИ) се наведува дека речиси сигурно властите во Саудиска Арабија им помагаат на државјаните вмешани во тешки кривични дела да избегнат судски процес, за да го заштитат имиџот на земјата.
Извештајот за активностите на Саудиска Арабија во САД, кој го побара Конгресот, потекнува од август 2019 година.
„Саудиските државјани кои во САД се вмешани во тешки кривични дела, речиси сигурно од страна на Ријад се прокриумчарени од САД“, се наведува во извештајот.
Во извештајот се наведува дека саудиските власти се одлучуваат на овој метод за да „го скријат срамот“ на Кралството. Кажано е и доколку американската администрација за ова директно не разговара со Саудиска Арабија и не обезбедат соработка, не се чини за можно дека саудиските функционери во скоро време ќе завршат со оваа практика.
Во делот од извештајот којшто е достапен за јавноста, чиј поголем дел е доверлив, не се објавени податоци за начинот на кој саудиските функционери ги криумчарат своите државјани. Сепак, овој извештај е важен и од аспект на официјално документирање на овие неправилности за кои Ријад е обвинет во САД.