свет

УНРВА: Стотици илјади жители на Газа можат да јадат само еден оброк на секои два или три дена

– УНРВА соопшти дека поради политиката на глад што ја спроведува Израел преку затворање на граничните премини, стотици илјади Палестинци во Појасот Газа можат да јадат само еден оброк на секои два или три дена

Nour Mahd Ali Abuaisha, Ekrem Biçeroğlu  | 06.05.2025 - Обновена : 09.05.2025
УНРВА: Стотици илјади жители на Газа можат да јадат само еден оброк на секои два или три дена

ГАЗА (АА) – Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестински бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) соопшти дека поради политиката на глад што ја спроведува Израел преку затворање на граничните премини, стотици илјади Палестинци во Појасот Газа можат да јадат само еден оброк на секои два или три дена, известува Анадолу.

Портпаролот на УНРВА, Аднан Абу Хасене, во писмено соопштение укажа на размерите на гладот во Газа, каде што Израел од 2 март не дозволува влез на никаква хуманитарна помош.

Абу Хасана изјави дека стотици илјади Палестинци во Газа можат да јадат само еден оброк на секои два или три дена и дека поради израелската политика на изгладнување, повеќе од 66.000 деца страдаат од сериозна неисхранетост.

Тој исто така нагласи дека УНРВА нема да биде дел од планот за помош предложен од Израел бидејќи тој не се усогласува со стандардите на ОН, предупредувајќи дека „понудениот израелски план значи дека голем дел од населението на Газа, вклучително и најранливите, ќе останат без храна“.

Неименуван висок претставник на израелското Министерство за одбрана вчера за локалните медиуми изјавил дека планот за доставување хуманитарна помош ќе стартува откако ќе започнат обемните напади врз Појасот Газа.

Истата личност тврдела дека во Рафа ќе биде определена зона за распределба на помош за Палестинците што ќе бидат протерани во јужниот дел на Газа, при што оние што ќе сакаат да добијат помош ќе мора да поминат „безбедносна проверка“ од израелската војска.

Откако заврши првата фаза од договорот за прекин на огнот и размена на затвореници, Израел на 2 март целосно го прекина влезот на хуманитарна помош во Газа, што доведе до голема хуманитарна катастрофа, вклучително и смртни случаи на деца кои починаа од глад.

Прекинот на снабдувањето со вода и струја, како и затворањето на граничните премини, дополнително ги продлабочува веќе тешките услови во кои живеат Палестинците во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın