Унгарскиот Парламент усвои резолуција против членството на Украина во ЕУ и против воената помош
- Резолуцијата е усвоена во Националното собрание со 142 гласа „за“, 28 гласа „против“ и четворица воздржани, според портпаролот на Владата, Золтан Ковач
БИРМИНГЕМ (АА) - Унгарскиот Парламент денес усвои резолуција со која се спротивставува на членството на Украина во Европската Унија, предупредувајќи дека приемот на земјата зафатена од војна би можел директно да го вовлече блокот во конфликтот со Русија, јавува Анадолу.
Резолуцијата е усвоена во Националното собрание со 142 гласа „за“, 28 гласа „против“ и четворица воздржани, според портпаролот на Владата, Золтан Ковач.
„Резолуцијата ја повикува Владата да ги поддржи меѓународните мировни напори, да избегнува праќање пари или оружје во Украина и да спречи и Унгарија и ЕУ да бидат вовлечени во војната”, се вели во соопштението на Ковач.
Пратениците истакнаа дека пристапувањето на Украина не треба да продолжи додека земјата е во војна, тврдејќи дека членството би можело да го изложи блокот на ризик да стане директен учесник во конфликтот.
Резолуцијата ја повикува Владата на Унгарија да се спротивстави на започнувањето конкретни преговори за пристапување и евентуален иден влез на Украина во блокот.
Во соопштението, исто така, се критикува континуираната финансиска и воена поддршка на Киев. Се истакнува дека ЕУ веќе има обезбедено околу 193,3 милијарди евра помош за Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година и се предупредува дека потенцијалниот удел на Украина во следниот седумгодишен буџет може да надмине 360 милијарди евра.
Унгарските пратеници изјавија дека ваквото трошење би можело да ги редуцира средствата достапни за постојните земји членки преку кохезионите и земјоделските програми.
Резолуцијата бара од Владата да ги поддржи меѓународните мировни напори и да избегнува праќање дополнителна финансиска и воена помош за Украина. Исто така, од Будимпешта се бара да им се спротивстави на иницијативите што би ја трансформирале ЕУ во воена алијанса и да ги одбие обидите на институциите на ЕУ за заобиколување на правилото за едногласност при донесувањето одлуки во рамките на блокот.
Гласањето се одржа во период на ескалирање на тензиите помеѓу Будимпешта и Киев, во врска со резервите енергија.
Неодамна унгарскиот премиер Виктор Орбан го повика претседателот на Украина, Владимир Зеленски, да продолжи со транспорт на нафта преку гасоводот „Дружба“, една од најголемите мрежи на гасоводи во светот што пренесува руска сирова нафта до Централна и Источна Европа.
Во отворено писмо Орбан ја обвини Украина за блокирање на гасоводот, познат и под името „Пријателство“, при што предупреди дека застојот претставува заканува за унгарската енергетска безбедност.
Украина рече дека испораките биле прекинати по нападот на 27 јануари, но унгарските и словачките претставници го обвинуваат Киев за намерно одложување на рестартирањето на гасоводот, со цел да добие политичка предност во однос на Русија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека Унгарија би можела да преземе дополнителни одмазднички чекори. Говорејќи на државното радио, тој изјави дека Будимпешта веќе ги прекинала испораките на бензин и дизел со Украина и би можела да воведе дополнителни мерки доколку не се рестартира транзитот на нафта.
Унгарија во голема мера се потпира на руската сирова нафта што се транспортира низ украинска територија преку гасоводот „Дружба“, а овој спор дополнително ги оптовари односите меѓу двете земји, додека војната продолжува.
Будимпешта, исто така, се закани дека ќе го блокира предложениот финансиски пакет на ЕУ за Украина во износ од 90 милијарди евра, изјавувајќи дека нема да поддржи дополнително финансирање додека нејзините енергетски интереси се под притисок.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
