свет

Украина: Погодени се авиони на воениот аеродром Мариновка во подрдачјето на Волгоград, во Русија

- Вооружените сили на Украина и Службата за безбедност на Украина (СБУ) извршија напад врз борбени авиони стационирани на воениот аеродром Мариновка во подрдачјето на Волгоград, во Русија, објавија украинските вооружени сили

Davit Kachkachishvili  | 28.06.2025 - Обновена : 28.06.2025
Украина: Погодени се авиони на воениот аеродром Мариновка во подрдачјето на Волгоград, во Русија

КИЕВ (АА) - Вооружените сили на Украина и Службата за безбедност на Украина (СБУ) извршија напад врз борбени авиони стационирани на воениот аеродром Мариновка во подрдачјето на Волгоград, во Русија, објавија украинските вооружени сили, известува Анадолу.

Во соопштението објавено на профилот на Вооружените сили на Украина на платформата Телеграм се наведува дека нападот бил извршен врз воениот аеродром Мариновка во Русија, истакнувајќи „Беа погодени авиони на аеродромот Мариновка во регионот Волгоград, во Русија“.

Вооружените сили на Украина информираат дека нападот бил извршен вчера во заедничка операција спроведена од страна на Силите за специјални операции, Службата за безбедност на Украина и други елементи на украинските одбранбени сили.

Според првичните извештаи, 4 борбени авиони од типот „Су-34“ биле погодени во нападот, додавајќи дека „руските Су-34 се главните тактички авиони што вршат ракетни и бомбашки напади врз украинските позиции и населби“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.