Украина: Ако Русија е подготвена за прекин на огнот од 60-90 дена, и ние сме подготвени
„Откако ќе престане пукањето, преговорите можат да започнат во која било формат што ќе донесе мир“, наведе Сибиха во својата порака.

КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека доколку Русија е подготвена за привремен прекин на огнот од 60 или 90 дена, и тие ќе бидат подготвени за тоа, известува Анадолу.
Во писмено соопштение министерот Сибиха ја оцени важноста на привременото примирје со цел да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.
Потсетувајќи дека Русија прогласи привремен прекин на огнот од 8 до 11 мај, по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, Сибиха истакна:
„Како Украина, уште еднаш ја потврдуваме нашата подготвеност за мировни преговори во која било формат, штом ќе видиме дека Русија е навистина подготвена за тежок пат кон мирот, а не само за краткорочен пропаганден прекин на огнот заради „мирољубив популизам“ или заради парадата по повод 9 мај“.
Тврдејќи дека Русија би можела да ја покаже својата подготвеност да учествува во мировните преговори со прифаќање на прекин на огнот од најмалку 30 дена, Сибиха продолжи со зборовите:
„Ако Русија е подготвена за прекин на огнот од 60-90 дена, и ние сме подготвени“.
„Откако ќе престане пукањето, преговорите можат да започнат во која било формат што ќе донесе мир“, наведе Сибиха во својата порака.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.