Путин прогласи еднострано примирје во Украина од 8 до 11 мај
Кремљ соопшти дека Путин наредил прекин на сите воени дејства во Украина од полноќ на 7 и 8 мај до полноќ на 10 и 11 мај

ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес прогласи еднострано примирје во Украина, во време кога Москва се подготвува да ја одбележи 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија за време на Втората светска војна, јавува Анадолу.
Во соопштението од Кремљ се вели дека Путин наредил прекин на сите воени дејства во Украина од полноќ на 7 и 8 мај до полноќ на 10 и 11 мај.
„Русија верува дека украинската страна треба да го следи овој пример“, се вели во соопштението, истакнувајќи дека Москва ќе даде „соодветен и ефикасен одговор“ доколку Украина го прекрши прекинот на огнот.
„Руската страна уште еднаш ја изразува својата подготвеност за мировни преговори без предуслови, насочени кон елиминирање на основните причини за украинската криза и конструктивна интеракција со меѓународните партнери“, се додава во соопштението.
Украина сè уште без реакција на одлуката.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.