свет

Убиени уште 59 Палестинци во израелските напади врз Газа во последните 24 часа, вкупно 57.882 од октомври 2023

- Израелската армија од 18 март, кога го прекрши прекинот на огнот договорен на 19 јануари, уби 7.311 Палестинци и повредени се 26.054. Од 7 октомври 2023 година досега Израел уби 57.882 Палестинци во нападите врз Појасот Газа и повреди 138.095.

Çağrı Koşak  | 12.07.2025 - Обновена : 13.07.2025
Убиени уште 59 Палестинци во израелските напади врз Газа во последните 24 часа, вкупно 57.882 од октомври 2023

ГАЗА (АА) - Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми за 59 во последните 24 часа, достигнувајќи 57.882, известува Анадолу.

Палестинското Министерство за здравство во Газа објави писмено соопштение во кое ги дава најновите информации за убиените и повредите Палестинци во тековните напади на Израел.

Во соопштението се истакнува дека 59 убиени Палестинци и 208 повредени се донесени во болниците во Газа во последните 24 часа.

Во напади на израелската армија од 18 март, кога го прекрши прекинот на огнот договорен на 19 јануари, убиени се 7.311 Палестинци, а повредени се 26.054.

Бројот на убиени Палестинци во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, се зголеми на 57.882, а повредени се 138.095.

Се претпоставува дека илјадници Палестинци сè уште се затрупани под урнатините во Појасот Газа.

Од 27 мај, бројот на жртви се искачил на 809, а бројот на повредени се искачил на 5.249, како резултат на систематски напади насочени кон Палестинците во дистрибутивните зони воспоставени од Фондацијата за хуманитарна помош за Газа предводена од Израел и САД, под маската на хуманитарна помош.

Израелската армија продолжува со систематските напади врз Палестинците кои чекаат помош пред дистрибутивните места основани од Фондацијата за хуманитарна помош за Газа предводена од Израел и САД, под маската на хуманитарна помош.

Од 27 мај, кога почнаа дистрибуцијата на хуманитарната помош во овие центри, израелската војска уби на овие локалитети уби 809 Палестинци, а повредени се 5.249.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın