Убиени се 41.391 Палестинци во израелските напади врз Газа од 7 октомври, 119 последните 3 дена
– Бројот на убиени во Газа од 7 октомври е зголемен на 41.391, а повеќе од 95.760 се повредени.

ИСТАНБУЛ (АА) - Во последните 3 дена убиени се 119 Палестинци во нападите врз Појасот Газа што израелската армија ги спроведува од 7 октомври 2023 година, известува Анадолу.
Во соопштението на Министерството за здравство во Газа се дадени информации за нападите што Израел ги извршува врз Појасот Газа веќе 351 ден.
Израелската армија извршила 12 масакри во различни делови на Појасот Газа во последните 72 часа. Во овие напади животот го загубија уште 119 Палестинци, а 209 се повредени.
Бројката на убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври се зголеми на 41.391, а повредени се над 95.760.
Министерството за здравство во Газа повтори дека сѐ уште има мртви луѓе под урнатините и на патиштата, но поради израелските сили, медицинските тимови и претставниците на цивилната одбрана не можат да стигнат до телата.