свет

Трамп: Две американски нуклеарни подморници се „блиску“ до Русија

„Поранешниот претседател на Русија, кој сега е задолжен за еден од најважните совети, Медведев, кажа некои работи кои се многу лоши...“

Diyar Güldoğan  | 02.08.2025 - Обновена : 03.08.2025
Трамп: Две американски нуклеарни подморници се „блиску“ до Русија Фото: Yasin Öztürk/AA

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека две нуклеарни подморници за кои наредил да бидат распоредени по коментарите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се „блиску до Русија“, пренесува Анадолу.

„Да, тие се поблиску до Русија“, рече Трамп во интервју за „Њузмакс“ кога беше прашан за локацијата на подморниците.

Трамп претходно изјави дека наредил распоредување на две американски нуклеарни подморници во „соодветните региони“ поради ескалација на вербалната војна со Медведев.

„Поранешниот претседател на Русија, кој сега е задолжен за еден од најважните совети, Медведев, кажа некои работи кои се многу лоши, зборувајќи за нуклеарно (оружје). И кога ќе го споменете зборот нуклеарно, - знаете, ми светнуваат очите и велам: "Подобро да бидеме внимателни, бидејќи тоа е крајната закана". Не требаше да го кажам тоа.“

„Тој има ’влажен јазик’. И во минатото кажуваше работи, па затоа секогаш сакаме да бидеме подготвени, затоа испратив во регионот две нуклеарни подморници. Само сакам да бидам сигурен дека неговите зборови се само зборови и ништо повеќе од тоа“, изјави Трамп за „Њузмакс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın