свет

Терористот Брентон Тарант осуден на доживотен затвор поради нападите на џамиите во Крајстчрч

Судијата Камерун Мандер, кој ја прочита пресудата на завршното рочиште пред Врховниот суд на Нов Зеланд, рече дека Тарант е осуден за 51 убиство, 40 обиди за убиство и за кривичното дело тероризам, поради што му се изрекува доживотна затворска казна

Ömer Faruk Yıldız  | 27.08.2020 - Обновена : 29.08.2020
Терористот Брентон Тарант осуден на доживотен затвор поради нападите на џамиите во Крајстчрч

КУАЛА ЛУМПУР 

Терористот Брентон Тарант кој во нападите на двете џамии во новозеландскиот град Крајстчрч уби 51, а рани 49 лица, осуден е на казна доживотен затвор, јавува Агенција Анадолија (АА).

Судијата Камерун Мандер, кој ја прочита пресудата на завршното рочиште пред Врховниот суд на Нов Зеланд, рече дека Тарант е осуден за 51 убиство, 40 обиди за убиство и за кривичното дело тероризам, поради што му се изрекува доживотна затворска казна.

Изјавата на терористот Тарант, кој не сакаше да ја прочита сопствената одбрана на вчерашното рочиште, ја прочина неговиот адвокат.

Тарант ги прифати сите обвиненија на негова сметка, вклучувајќи 51 убиство, 40 обиди за убиство и еден терористички напад.

Терористот Тарант на 15 март 2019 година, во текот на петочната молитва (џума намаз), упадна во џамиите „Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч и уби 51 муслиман кои се собраа на заедничка молитва.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.