свет

Нов Зеланд размислува за признавање на палестинската држава

Министерот Питерс во изјава потврди дека за ова прашање разговарал на седница на Владата, додавајќи дека одлуката ќе биде официјално разгледана и донесена во септември

Amir Latif Arain  | 11.08.2025 - Обновена : 12.08.2025
Нов Зеланд размислува за признавање на палестинската држава

АНКАРА (АА) – Нов Зеланд разгледува можност за признавање на палестинската држава и ќе донесе одлука во текот на следниот месец, потврди денес министерот за надворешни работи Винстон Питерс, јавува Анадолу.

Питерс во изјава потврди дека за ова прашање разговарал на седница на Владата, додавајќи дека одлуката ќе биде официјално разгледана и донесена во септември, пренесе државното радио Радио „Нов Зеланд“.

Министерот за надворешни работи ќе учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк кон крајот на септември, каде што ќе го претстави пристапот на Владата пред меѓународната заедница.

Иако најавата не ја менува позицијата на Нов Зеланд за Газа или за државноста на Палестина, утврдувањето на рокот сугерира дека Велингтон може да се придружи на други западни држави во насока на признавање.

Потегот на Нов Зеланд се совпадна со најавата на Австралија дека ќе ја признае палестинската држава на седницата на Генералното собрание на ОН во септември.

Франција веќе ја изрази својата намера да ја признае Палестина на состанокот на ОН, додека Велика Британија изјави дека ќе го поддржи признавањето доколку Израел не исполни одреден сет услови.

Питерс нагласи дека хуманитарната катастрофа во Газа „со право е во фокусот на глобалната агенда“ и дека Нов Зеланд „посветува внимателно, методично и промислено внимание на ова прашање“.

„Ќе ги земеме предвид брзото влошување на ситуацијата на теренот, поделбите меѓу нашите блиски партнери околу прашањето за признавање, како и ставот на повеќе арапски држави дека Хамас мора да се разоружа и да нема идно место во палестинското владеење“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın