свет

Советот на муслимани на Велика Британија побара сериозно да се сфати расистичкиот тероризам

Генералниот секретар на Британскиот муслимански совет, Хан, за нападот вели дека „длабоката затруеност на голем дел кај припадниците на екстремниот десничарски расизам на виделина ја извади исламофобијата“

Hasan Esen  | 20.02.2020 - Обновена : 21.02.2020
Советот на муслимани на Велика Британија побара сериозно да се сфати расистичкиот тероризам

ЛОНДОН - Советот на муслимани на Велика Британија ги повика европските влади сериозно да ја сфатат заканата насочена кон мулсиманите, по терористичкиот напад на екстремната десница во германскиот град Ханау во кој животот го загубија 9 лица, од кои имаше и Турци, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Харун Хан, генералниот секретар на Советот на муслимани на Велика Британија, во своето писмено обраќање посочи дека терористичкиот напад се случил по приведувањето на 12 лица во Германија под обвинение дека планирале широкоопсежни напади врз џамии.

Хан за нападот вели дека „длабоката затруеност на голем дел кај припадниците на екстремниот десничарски расизам на виделина ја извади исламофобијата“, потсетувајќи дека напаѓачот зад себе оставил видео и писмо во кое ги искажува своите расистички и антиимигрантски идеологии.

Истакнувајќи дека се солидализираат со европските заедници кои се против поделбата, Хан напиша „Се надеваме дека европските влади сериозно ќе ги сфатат заканите против муслиманските и имигрантските заедници.“

- Во расистичкиот терористички напад убиени се 9 лица, од кои 5 Турци -

Во местото Ханау, недалеку од германскиот град Франкфурт, синоќа во две кафетерии извршен е вооружен напад во кој се убиени 9 лица, од кои 5 Турци, а 5 се ранети.

Во операцијата што ја спроведоа специјалните единици, во сопствениот дом мртви се пронајдени расистичкиот терорист Тобиас Р. (43) и неговата 72-годишна мајка.

Споделени се информации дека напаѓачот Тобиас Р. имал дозвола за лов, а зад себе остави едно писмо и видео.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.