свет

Сирија: Седум цивили загинаа, а тројца се повредени во напад на режимот на Асад

Режимот на Башар ал Асад и терористичките групи поддржани од Иран извршија напад врз селото Иблин во границите на деескалациската зона во Идлиб

Ahmet Karaahmet   | 22.07.2021
Сирија: Седум цивили загинаа, а тројца се повредени во напад на режимот на Асад Фото: Muhammed Said/AA

ИДЛИБ (АА) - Во напад на режимот на Башар ал Асад и терористичките групи поддржани од Иран врз селото Иблин во границите на деескалациската зона во Идлиб, животот го загубија 7 цивили, а 3 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од извори на Цивилната одбрана во Идлиб (Бели шлемови), режимските сили го нападнале селото Иблин, лоцирано на југот на Идлиб.

Во нападот животот го загубија 7 цивили, меѓу кои една жена и 3 деца. Повредените 3 цивили се пренесени во околните болници.

Од друга страна, опозициската опсерваторија исто така ја сподели информацијата дека руските воени авиони во раните утрински часови извршиле напади врз селата Бара, Ахсим и Мирајан на југот од Идлиб.

- Ситуацијата во деескалациската зона во Идлиб -

Во моментов, популацијата на Идлиб со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое е најмногу напаѓано од страна на режимот.

На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за четири деескалациски зони во Идлиб и соседните покраини (Латакија, Хама и Алепо).

Но, режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.

Стотици илјади цивили кои избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција.

Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција.​​​​​​​

Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција и во областите ослободени од операциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“, за една година достигна 2 милиони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın