Сирија: Експлозија потресе воен објект близу Меѓународниот аеродром во Алепо
- Експлозијата предизвика широка загриженост во Алепо

ДАМАСК/ИСТАНБУЛ (АА) - Експлозија одекна денес кај воен објект во близина на Меѓународниот аеродром во Алепо, северна Сирија, јавува Анадолу.
Според дописникот на Анадолу, облаци чад се издигаат на местото на експлозијата, брзо покривајќи го небото над градот Алепо.
Експлозијата предизвика широка загриженост во Алепо.
Сириските власти сè уште не издадоа соопштение во врска со експлозијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.