свет

Силна ерупција на вулканот Етна, облакот од пепел висок неколку километри

- Голем дел од југоисточниот кратер на вулканот Етна се распадна, предизвикувајќи моќна ерупција поради што настана облак од пепел неколку километри високо во воздухот, потврдија италијанските власти

Ahmet Gençtürk  | 02.06.2025 - Обновена : 03.06.2025
Силна ерупција на вулканот Етна, облакот од пепел висок неколку километри

АТИНА (АА) - Голем дел од југоисточниот кратер на вулканот Етна се распадна, предизвикувајќи моќна ерупција поради што настана облак од пепел неколку километри високо во воздухот, потврдија италијанските власти, јавува Анадолу.

Распаѓањето предизвика пирокластичен тек – брз и многу топол бран од вулкански гасови, пепел и камења, според Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, цитирајќи ја државната новинска агенција АНСА.

Експлозивната активност од кратерот создаде и фонтана од лава.

Засега не се издадени наредби за евакуација, но жителите од околните области се предупредени да бидат внимателни и да го следат развојот на состојбата.

Вулканот Етна, кој се наоѓа на јужниот италијански остров Сицилија, е најактивен вулкан во Европа и често има спектакуларни ерупции.

Последните месеци се забележува зголемена сеизмичка и вулканска активност.

Властите продолжуваат да ја следат состојбата.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.