свет

СЗО: Годишно од рак на грло на матка заболуваат повеќе од половина милион, а умираат 311.000 жени

Ракот на грло на матка некогаш беше водечки причинител на смртност меѓу жените. Тоа се смени од кога Пап тестот стана широко достапен. Овој тест се спроведува со цел откривање на евентуални предканцерогени промени во грлото на матката.

Bayram Altuğ  | 17.11.2020 - Обновена : 18.11.2020
СЗО: Годишно од рак на грло на матка заболуваат повеќе од половина милион, а умираат 311.000 жени

ЖЕНЕВА 

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека просечно на годишно ниво 311.000 жени умираат од рак на грло на матка, што е четврт најчест рак меѓу жените во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ракот на грло на матка некогаш беше водечки причинител на смртност меѓу жените. Тоа се смени од кога Пап тестот стана широко достапен. Овој тест се спроведува со цел откривање на евентуални предканцерогени промени во грлото на матката.

СЗО покрена „Програма за отстранувањето на ракот на грлото на матката“ ширум светот со одлуката донесена на Светското здравствено собрание со цел превенција на ракот на грлото на матката.

Од Организацијата која вбројува 194 члена, истакнато е дека програмата е историска пресвртница бидејќи тоа е прв пат државите да се обврзат да го искоренат овој рак.

Нагласија дека со карциномот на грлото на матката, меѓу луѓето познат како цервикс, е една од „болестите која може да се спречи и излечи", доколку доколку рано се дијагностицира и адекватно се лекува.

Констатирано е дека ракот на грлото на матката е четврт најчест вид на карциномот меѓу жените во светот. Годишно се дијагностицира кај околу 570.000 жени, а во просек со оваа болест не можат да се изборат 311.000 лица.

Од СЗО предупредуваат, дека, доколку не се воведат нови мерки, до 2030 година годишниот број на случаи на ракот на грлото на матката ќе се зголеми на 700.000, а годишниот број на починати на 400.000, особено во земјите со ниски и средни приходи.

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус, изјави дека искоренувањето на било кој рак некогаш изледало невозможно, но сега постојат начини кои се темелат на доказите за тоа да може да стане возможно.

Помошничката на генералниот директор на СЗО, др. Нотемба Симелела изјави дека високата стапка на смртност од рак на грлото на матката е воочена како резултат на повеќедецениската небрежност на здравствените актери.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.