свет

Северна Кореја тестираше „супер голем“ ракетен лансер

Војската на Јужна Кореја вчера детектирала лансирања на ракети со краток дострел од Северна Кореја

Ekipa  | 11.09.2019 - Обновена : 12.09.2019
Северна Кореја тестираше „супер голем“ ракетен лансер

СЕУЛ (АА) - Северна Кореја денеска објави дека претседателот Ким Џонг Ун вчера го надгледувал тестирањето на „супер голем повеќецевен ракетен лансер“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Војската на Јужна Кореја вчера детектирала лансирања на ракети со краток дострел од Северна Кореја.

Според државната новинска агенција КЦНА (KCNA), Ким бил присутен на теренот и давал упатства за лансирањето.

Како што се наведува, севернокорејскиот лидер ги потврдил можностите на оружјето.

Ова беше 10. серија лансирања на Северна Кореја оваа година.

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека може да ги толерира лансирањата на ракети од краток дострел на Северна Кореја и во услови на притисок од Вашингтон за денуклеаризација на Пјонгјанг.

За разлика од претходното тестирање минатиот месец, кога исто така беше тестиран супер голем повеќецевен ракетен лансер, аналитичарите велат дека Северна Кореја не објавила дали лансирањата биле успешни.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın