Свлечиште во Кенија одзеде 26 животи, се трага по 25 исчезнати
- Властите ги повикуваат жителите во областите со висок ризик да ги почитуваат предупредувањата за евакуација, во време кога траат спасувачките операции во регионот Елгејо Мараквет Исток
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 26 лица загинаа во свлечиште во долината Рифт во Кенија, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по десетици лица кои сè уште се водат како исчезнати по обилните дождови, изјави денес министерот за внатрешни работи на земјата, објави Анадолу.
Министерот Кипчумба Муркомен изјави дека се пронајдени 26 тела, а 25 лица сè уште се водат како исчезнати.
Свлечиштето се случи во саботата наутро во регионот Елгејо Мараквет Исток, кој е во сезона на дождови и се наоѓа 320 километри северозападно од Најроби, главниот град на Кенија.
Муркомен во саботата изјави дека во тек се подготовки за испорака на повеќе храна и потребни производи до погодените семејства, а воени и полициски хеликоптери се во готовност за да помогнат со транспортот.
Властите апелираа до жителите во областите со висок ризик да ги почитуваат предупредувањата за евакуација додека продолжуваат спасувачките операции во Елгејо Мараквет.
Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во неколку области, раселувајќи стотици луѓе и оштетувајќи ја клучната инфраструктура.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
