свет

Поплави и свлечишта одзедоа 28 животи во Виетнам

- Властите соопштија дека најмалку 28 лица загинале во поплави и свлечишта, а 6 лица се водат како исчезнати откако биле однесени од надојдените води.

Şilan Turp  | 02.11.2025 - Обновена : 02.11.2025
Поплави и свлечишта одзедоа 28 животи во Виетнам

АНКАРА (АА) - Најмалку 28 лица загинаа во поплавите и свлечиштата по обилните дождови во централен Виетнам, известува Анадолу.

Информативната интернет страница ‘VN Express’ објави информации во врска со соопштението на виетнамските власти поврзано со катастрофите предизвикани од континуираните обилни дождови во централниот дел на земјата.

Властите во соопштението наведуваат дека најмалку 28 лица загинале во поплавите и свлечиштата, а 6 се водат како исчезнати откако биле однесени од надојдените води.

Најголем број на жртви се пријавени во градовите Хуе и Да Нанг, каде што се поплавени приближно 22.100 домови, а бројни згради се оштетени.

Властите објавија дека приближно 245.000 домаќинства во регионот се без електрична енергија.

Се наведува дека некои железнички услуги коишто биле суспендирани поради поплави и свлечишта повторно се рестартирани, а некои патишта сè уште се затворени за сообраќај.

Се очекува обилните дождови да продолжат до ноќта на 4 ноември.

Виетнамската метеоролошка служба на 28 октомври објави дека врнежите од дожд во Хуе за 24 часа достигнале рекордно ниво.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.