свет

Саемот за автомобили во Брисел ги отвори вратите за медиумите на 101-годишнината

На саемот се претставени стотици различни модели, од кои некои ќе бидат изложени за првпат. Кинескиот производител на автомобили Икспенг (Xpeng) го претставува прототипот на летечко возило за две лица X2.

Dursun Aydemir  | 11.01.2025 - Обновена : 13.01.2025
Саемот за автомобили во Брисел ги отвори вратите за медиумите на 101-годишнината Фото: Дурсун Ајдемир / АА

БРИСЕЛ (АА) - Саемот за автомобили, што може да се посети од 10 до 19 јануари во Експо-центарот во Брисел, главниот град на Белгија, ги отвори вратите за претставниците на медиумите на својата 101-годишнина, известува Анадолу.

На саемот се претставени стотици различни модели, од кои некои ќе бидат изложени за првпат. Покрај автомобилите, на саемот се изложени лесни комерцијални возила и каравани, а кинескиот производител на автомобили Икспенг (Xpeng) го претставува прототипот на летечко возило за две лица X2.

Годинава на најголемиот саем во Белгија се очекуваат 300.000 посетители, а ќе учествуваат 63 производители на автомобили и комерцијални возила.

На саемот на кој електричните возила се во прв план, изложени се и модели како Рено твинго E-Tech, Мазда6e, Сузуки e витара, ДС N°8, Шкода енијак и БЈД Ато 2.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın