свет

САД: Рашид Тлаиб ќе биде првата муслиманка избрана за Конгресот

Рашид Тлаиб, која има палестинско потекло, победи на внатрепартиските избори на кои освои 33 отсто од гласовите.

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 08.08.2018 - Обновена : 09.08.2018
САД: Рашид Тлаиб ќе биде првата муслиманка избрана за Конгресот

Ankara

АНКАРА (AA) – Рашид Тлаиб, првата муслиманка која учествуваше на внатрепартиските избори на Демократската партија во Мичиген, САД, влегува во Конгресот, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Independent“ јавува дека Тлаиб, која има палестинско потекло, победи на внатрепартиските избори на кои освои 33 отсто од гласовите.

Поради тоа што нема кандидат републиканец кој ќе биде во трка за 13. дистрикт, Тлаиб ќе стане првата муслиманка која по изборите на 6 ноември ќе влезе во Конгресот.

Демократскиот конгресмен од Мичиген, Џон Конијерс, во декември минатата година поднесе оставка по обвинувањата за сексуално злоупотребување.

Во Конгресот беше од 1965 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın