свет

САД: Напад на споменикот на Абрахам Линколн во Вашингтон

Споменикот на поранешниот претседател на САД во Вашингтон беше на цел на вандали, кои со спреј по него испишаа пораки со навредлива содржина

Selçuk Acar  | 17.08.2017 - Обновена : 18.08.2017
САД: Напад на споменикот на Абрахам Линколн во Вашингтон

New York

ЊУЈОРК (АА) - Споменикот на поранешниот претседател на САД во Вашингтон беше на цел на вандали, кои со спреј по него испишаа пораки со навредлива содржина, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што јавуваат американските медиуми, група вандали утринава со црвен спреј пишувале пораки на еден од столбовите на споменикот на Абрахам Линколн, во Националниот парк во Вашингтон.

Наведено е дека тешко може да се прочита што конкретно е напишано, но може да се разбере дека се работи за навредлива содржина.

Сето ова се случи додека во САД сѐ уште траат дискусиите за расистичките и есктремистичките нереди во градот Шарлотсвил, во сојузната држава Вирџинија, во кои има загинати и повредени лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.