свет

САД: „Лукашенко не е легитимен лидер на Белорусија“

- Соединетите Американски Држави (САД) синоќа објавија соопштение во кое пишува дека тие повеќе не го сметаат Александар Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија, само неколку часа откако тој официјално положи заклетва за својот седми мандат

Servet Günerigök   | 24.09.2020
САД: „Лукашенко не е легитимен лидер на Белорусија“

ВАШИНГТОН

Соединетите Американски Држави (САД) синоќа објавија соопштение во кое пишува дека тие повеќе не го сметаат Александар Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија, само неколку часа откако тој официјално положи заклетва за својот седми мандат, јавува Агенција Анадолија (АА).

„САД не можат да го сметаат Александар Лукашенко за легитимно избран лидер на Белорусија“, соопшти портпаролот на Стејт департментот, пишува на новинската веб-страница „Axios“.

„Патот напред треба да биде национален дијалог со кој белорускиот народ ќе ужива во правото да го избере неговиот лидер во слободни и фер избори под независно набљудување“, пишува во соопштението.

„Церемонијата се одржа во Палатата на независноста во Минск“, се соопштува од прес-кабинетот на претседателот.

По церемонијата Лукашенко изјави дека Белорусите не само што повторно го избрале нивниот претседател туку ги одбраниле и мирниот живот и суверенитетот на Белорусија.

Протести избија откако Лукашенко, кој е претседател на земјата од 1994 година, беше прогласен за победник на изборите. Опозициските кандидати сепак ја обвинуваат администрацијата за местење на изборниот резултат.

НАТО и европските лидери го повикаа Лукашенко да започне дијалог со опозицијата и да ги почитува основните човекови права на граѓаните на Белорусија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.