Fatjon Cuka
13 Ноември 2025•Ажурирај: 14 Ноември 2025
ТИРАНА (АА) - Во главниот град на Италија, Рим, денес се одржува заеднички владин состанок меѓу Албанија и Италија, јавува Анадолу.
Албанскиот премиер Еди Рама беше пречекан со официјална церемонија од италијанската премиерка Џорџија Мелони, а потоа се очекува да се одржи меѓувладиниот состанок.
Според албанската Влада, состанокот меѓу двете влади е во функција на натамошно продлабочување на соработката меѓу земјите, преку заеднички проекти во области, како што се економијата, енергетиката, одбраната и инфраструктурата.
Се истакнува дека овој состанок „означува важен чекор во стратегиското партнерство меѓу двете земји“.
Во рамките на меѓувладиниот состанок закажано е потпишување и на неколку договори и меморандуми за соработка меѓу двете земји во неколку области.
Денешниот меѓувладин состанок е прва заедничка средба меѓу владите на Албанија и Италија.