свет

Рускиот опозиционер Навални во кома во болницата во сибирскиот Омск

Гласноговорничката на Навални, Кира Јармиш, на социјалната мрежа Твитер соопшти дека лекарите на болницата во сибирскиот град Омск одбиваат да го одобрат трансферот на Навални во Германија

Ekip  | 21.08.2020 - Обновена : 21.08.2020
Рускиот опозиционер Навални во кома во болницата во сибирскиот Омск

МОСКВА

Рускиот опозиционер Алексеј Навални и понатаму е во кома откако вчера во бессознание е хоспитализиран под сомневање дека е затруен, а од неговиот кабинет тврдат дека лекарите не дозволуваат негово префрлување на лекување во Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Гласноговорничката на Навални, Кира Јармиш, на социјалната мрежа Твитер соопшти дека лекарите во болницата во сибирскиот град Омск одбиваат да го одобрат трансферот на Навални во германската болница.

„Главниот лекар рече дека состојбата на пациентот е нестабилна и дека не може да биде транспортиран. Одлуката на семејството не е доволна за трансфер на пациентот“, наведе Јармиш.

Навални е згрижен на Одделот за интензивна нега во болницата во Омск кој од Берлин е оддалечен околу 4.200 километри, што е оддалеченост за која е потребен шестчасовен лет со авион.

Во текот на вчерашното враќање од сибирскиот Омск во Москва, 44-годишниот Навални остана без свест во авионот, а по принудното слетување е хоспитализиан во Омск.

Од неговиот кабинет соопштија дека авион со потребната медицинска опрема е подготвен да го префрли Навални во германска клиника.

Сојузникот на Навални, Иван Зданов, утрово соопшти дека полицијата пронашла опасна супстанција во организмот на Навални, а официјалните институции тоа не го потврдиле.

Гласноговорничката Јармиш изјави дека секој момент на одложување на трансферот претставува сѐ поголема опасност за Навални, а руските власти ги обвини дека сакаат да го задржат пациентот во болница сѐ додека отровните материи повеќе нема да може да се откријат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın