Ризикот од шумски пожари продолжува во Медитеранот и Турција, кои се погодени од екстремна топлина
Температурите што надминуваат 40 степени Целзиусови го нарушуваат секојдневниот живот во регионот, а се издаваат предупредувања дека ризикот од шумски пожари предизвикани од овие високи температури ќе продолжи и во наредните денови

АНКАРА (АА) - Бидејќи температурите остануваат многу високи низ цела Европа, особено во земјите на брегот на Медитеранот, многу земји се борат со тековните шумски пожари и ризиците што тие ги создаваат, известува Анадолу.
Температурите што надминуваат 40 степени Целзиусови го нарушуваат секојдневниот живот во регионот, а се издаваат предупредувања дека ризикот од шумски пожари предизвикани од овие високи температури ќе продолжи и во наредните денови во Турција и европските медитерански крајбрежни земји.
Според податоците што ги објави Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS) и Службата за климатски промени „Коперникус“, од почетокот на 2025 година во Европа се случиле 1.250 пожари. Минатата година беше објавено дека бројката изнесувала 861.
Оваа година во овој регион пожарите пеплосаа приближно 240.000 хектари шуми.
- Многу земји се наведени како „многу екстремни“ според ризикот од пожар
Картата на ризик од пожар врз основа на Индексот на временска прогноза за пожари (FWI) за периодот од 22 до 28 јули, прикажува голем број земји во нијанси на црвена боја, што означува „многу екстремно“, „екстремно“, „многу високо“ и „високо“.
Картата покажува дека јужниот брег на Италија, Норвешка, Шведска и Финска се наведени како „многу екстремни“ во однос на ризикот од пожар, со температури далеку над нормалните и суво време што ги погодува овие земји.
Балканот, Грција и Турција се наведени како „екстремни“, што претставува втор најголем кластер на ризик.
Шпанија и Португалија се наведени како „многу висок“ ризик, додека земјите од Источна и Централна Европа се рангирани пониско од регионот.
- Продолжуваат шумските пожари
Во меѓувреме, продолжува борбата против шумските пожари предизвикани од топлото време.
Картата на состојбата со пожарите, ажурирана од EFFIS на нивната официјална веб-страница, ги наведува Турција, Грчката администрација на Јужен Кипар (ГАЈК), Бугарија, Албанија и Германија меѓу земјите со активни пожари.
EFFIS наведе дека топлотниот бран во регионот ќе продолжи и во наредните денови.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.