свет

Речиси 11.000 лица погодени од поплавите во Малезија

- Во североисточната државата Келантан утрово пријавила 8.248 погодени лица од 3.022 семејства, што претставува значително зголемување во однос на 7.830 лица пријавени претходната вечер.

Berk Kutay Gökmen  | 24.11.2025 - Обновена : 24.11.2025
Речиси 11.000 лица погодени од поплавите во Малезија

ИСТАНБУЛ (АА) – Вкупно 10.922 лица се погодени од поплавите што утринава зафатија седум малезиски држави, при што најтешко е погодена североисточната држава Келантан, јавува Анадолу.

Според државната новинска агенција Бернама, Келантан утрово пријавила 8.248 погодени лица од 3.022 семејства, што претставува значително зголемување во однос на 7.830 лица пријавени претходната вечер. Властите соопштија дека ситуацијата и понатаму е критична бидејќи во регионот продолжуваат обилните врнежи од дожд.

И другите држави се соочуваат со зголемени поплави. Во Перлис бројот на погодени нагло пораснал на 811 лица од 243 семејства, во споредба со 114 лица од 35 семејства претходната вечер.

Пенанг, исто така, забележа зголемување и сега има 242 погодени лица од 57 семејства, Перак пријави пораст на бројката, а Кедах и Теренгану забележаа намалување на бројот на жртви, што донесе мало олеснување во кризата.

Во меѓувреме, и Селангор е меѓу државите погодена од поплавите, со што се зголеми листата на региони што имаат потреба од итна интервенција и хуманитарна помош.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın