свет

Раселените жители на Газа се борат да дојдат до топол оброк среде кризата со глад

- Многумина Палестинци минаа километри и чекаа со часови под тешки услови за да донесат нешто дома на своите семејства, додека гладот ​​сѐ повеќе се шири низ опколената енклава

Elena Trenchevska Chekovikj  | 01.05.2025 - Обновена : 02.05.2025
Раселените жители на Газа се борат да дојдат до топол оброк среде кризата со глад

СКОПЈЕ

СКОПЈЕ (АА) - Хуманитарна организација дистрибуираше храна на раселените Палестинци во градот Газа, среде кризата со глад предизвикана од израелските напади и израелската блокада на границите, јавува Анадолу.

Десетици Палестинци, меѓу кои и деца, се собраа на пункт за делење топол оброк, со надеж дека ќе добијат порција храна за себе и своите семејства.

Многумина минаа километри и чекаа со часови под тешки услови за да донесат нешто дома на своите семејства, додека гладот ​​сѐ повеќе се шири низ опколената енклава.

2,4 милиони жители на Газа речиси целосно се потпираат на хуманитарната помош, чиј влез е прекинат откако Израел ги затвори премините Керем Шалом, Зиким и Ерез на 2 март.

Израелската армија ги продолжи своите напади врз Газа на 18 март, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници постигнат во јануари со палестинската група на отпорот Хамас.

Израел уби над 52.400 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, во Газа од октомври 2023 година.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.