Работник во зоолошка градина во Тајланд го загуби животот од напад на лавови
- Еден од вработените во зоолошката градина, кој патролирал во специјална зона за да ја осигури безбедноста, излегол од своето возило за да ги нахрани лавовите.

АНКАРА (АА) - Работник во зоолошка градина во Бангкок, главниот град на Тајланд, почина откако беше нападнат од повеќе лавови пред очите на посетителите, известува Анадолу.
Тајландскиот весник „Нејшн“ објави дека нападот се случил во специјална зона во позната зоолошка градина во Бангкок, посебна област наменета за посетителите да ги гледаат лавовите од своите возила.
Еден од вработените во зоолошката градина, кој патролирал во специјална зона за да ја осигури безбедноста, излегол од своето возило за да ги нахрани лавовите.
Вработениот, кој ги игнорирал безбедносните протоколи на зоолошката градина, бил нападнат одзади од лав кој веднаш по излегувањето од возилото му се приближил на околу 10 метри.
Првиот лав го кутнал вработениот на земја, а брзо му се придружиле уште неколку лавови што се наоѓале во близина.
Посетителите кои од своите возила биле сведоци на нападот, што се случил во времето на најголема посетеност, затрубиле со сирените во обид да ги исплашат лавовите.
Вработениот, кој бил тешко повреден во нападот што траел околу 15 минути, им подлегнал на повредите во болница.
Властите започнале истрага за инцидентот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.