свет

Присуствуваа светски лидери: Заврши државниот погреб на кралицата Елизабета Втора

- Заврши државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, а на него присуствуваа многу високи функционери од целиот свет

Zuhal Demirci  | 19.09.2022 - Обновена : 20.09.2022
Присуствуваа светски лидери: Заврши државниот погреб на кралицата Елизабета Втора

ЛОНДОН (АА) - Заврши државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, а на него присуствуваа многу високи функционери од целиот свет, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ковчегот беше изнесен од Вестминстерската опатија и ставен на државната кочија за поворката низ Вајтхол до Арх Велингтон.

Ковчегот ќе помине низ Лондон до Арх Велингтон, од каде што британската кралица ќе го направи своето последно патување до замокот Виндзор, каде ќе биде погребана во доцните вечерни часови.

Во црквата Вестминстер се одржа проповед во чест на починатата британска кралица Елизабета Втора, по што во Велика Британија следуваше двеминутно молчење.

Многу Британци се на улиците на Лондон.

На погребот, меѓу 2.000 гости, имаше 500 светски лидери, меѓу кои американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил, францускиот претседател Емануел Макрон, австралискиот премиер Ентони Албанезе, канадскиот премиер Џастин Трудо, полскиот премиер Матеуш Моравиецки, италијанскиот претседател Серџо Матарела итн...

Ковчегот со телото на кралицата претходните денови патуваше низ Британија, а потоа беше изложен неколку дена за Британците да ѝ оддадат почит на кралицата.

Кралицата ќе биде погребана во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор до местото каде што е погребан нејзиниот сопруг принцот Филип, кој почина во 2021 година на 99-годишна возраст.

Британскиот монарх со најдолг стаж, кралицата Елизабета Втора, почина на 8 септември во Шкотска на 97-годишна возраст.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın