Претседателот Ердоган пристигна во Јужноафриканската Република за самитот на лидерите на Г20
- Се очекува претседателот Ердоган утре да присуствува на две одделни сесии на маргините на самитот што се одржува во ЕКСПО центарот во Јоханесбург, да одржи билатерални средби и да присуствува на вечера организирана во чест на лидерите.
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во Јоханесбург, Јужноафриканската Република, каде ќе присуствува на самитот на лидерите на Г20, известува Анадолу.
Претседателот Ердоган на меѓународниот аеродром ‘Орегон Тамбо’ беше пречекан од страна на јужноафриканската министерка за домување, вода и благосостојба, Тембисиле Симелане, турската амбасадорка во Преторија Кезбан Нилвана Дарама Јилдиримгеч и други официјални претставници.
На ова патување претседателот Ердоган го придружуваат неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек, личниот секретар на претседателот Хасан Доган, директорот за комуникации на претседателот Бурханетин Дуран, главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот Акиф Чагатај Килич, заменик-претседателот и портпарол на АК партијата Омер Челик и други официјални лица.
Се очекува претседателот Ердоган утре да присуствува на две одделни сесии на маргините на самитот што се одржува во ЕКСПО центарот во Јоханесбург, да одржи билатерални средби и да присуствува на вечера организирана во чест на лидерите.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
