Предупредување за цунами по земјотресот од 6,8 степени во Југозападна Јапонија
Земјотресот со магнитуда од 6,8 степени ја погоди префектурата Мијазаки на длабочина од 48,9 километри

ИСТАНБУЛ (АА) - Силен земјотрес денес го погоди југозападниот дел на Јапонија, по што локалните власти издадоа предупредување за цунами, јавува Анадолу.
Според Американскиот геолошки институт, земјотресот со магнитуда од 6,8 степени ја погодил префектурата Мијазаки на длабочина од 48,9 километри околу 12:19 часот по Гринич.
Според јапонските власти, епицентарот на земјотресот бил во морето Хјуганада, а во префектурите Мијазаки и Кочи е издадено предупредување за цунами.
Наведуваат дека земјотресот бил со магнитуда од 6,9 степени.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.