свет

Потпретседателот на Авганистан: „САД згрешија што на талибанците им дадоа многу привилегии“

„Американската делегација се заколна дека ако ослободиме 5.000 талибански затвореници, насилството ќе престане. Но, напротив, со ослободување на затворениците насилството се зголеми“

Sayed Khodaiberdi Sadat  | 15.01.2021 - Обновена : 16.01.2021
Потпретседателот на Авганистан: „САД згрешија што на талибанците им дадоа многу привилегии“

КАБУЛ (АА) - Амрулах Салих, потпретседател на Авганистан, рече дека Соединетите Американски Држави (САД) предводени од Доналд Трамп направиле голема грешка, давајќи им на талибанците повеќе привилегии отколку што заслужуваат, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во својата изјава, Салих рече дека договорот меѓу САД и талибанците не е погрешен, туку погрешно е тоа што САД на талибанците им дале повеќе привилегии, отколку што заслужуваат.

Изразувајќи дека заминувањето на американските војници од Авганистан може да предизвика зголемување на насилството, Салих истакна дека имањето безусловна доверба во талибанците би била опасна.

Тој наведе дека американската делегација ги посетила пред да започнат мировните разговори меѓу Авганистанците и додаде: „Американската делегација се заколна дека ако ослободиме 5.000 талибански затвореници, насилството ќе престане. Но, напротив, со ослободување на затворениците насилството се зголеми.“

Авганистанскиот потпретседател истакна дека талибанците не го исполниле ветувањето дека „ќе ги прекинат врските со терористичката организација Ал Каеда“ и дека нивната поврзаност со Ал Каеда продолжува.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.