Полицијата приведе демонстранти на пропалестинскиот марш во Берлин кој се соочи со жестока интервенција
Насобраните демонстранти реагираа луто откако црномурест демонстрант со лисици на рацете е држен во полициско возило, а претходно и удрен од безбедносен службеник, што предизвика уште поголеми скандирања против однесувањето на полицијата
СКОПЈЕ (АА) - Полицијата во Берлин, Германија, приведе голем број демонстранти и употреби сила за да го растера пропалестинскиот марш, на кои се собраа стотици во знак на протест против постапките на Израел во Газа, јавува Анадолу.
Насобраните демонстранти реагираа луто откако црномурест демонстрант со лисици на рацете е држен во полициско возило, а претходно и удрен од безбедносен службеник, што предизвика уште поголеми скандирања против однесувањето на полицијата.
Стотици демонстранти се собраа претходно пред градското собрание на Нојкелн за да ги осудат акциите на Израел во Газа и да изразат солидарност со Палестинците.
Демонстрантите носеа палестински знамиња и транспаренти на кои пишуваше „Стоп на геноцидот“, „Не на давањето оружје на Израел“ и „Германија има палестинска крв на своите раце“, додека извикуваа слогани критички кон воената кампања на Израел.
Во текот на вчерашниот ден, израелската војска започна серија тешки воздушни напади и спроведе разурнувања во неколку области под нејзина контрола низ Појасот Газа, што означува нови прекршувања на договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 10 октомври.
Израелската армија продолжува да ја држи контролата врз јужните и источните коридори на Појасот Газа, заедно со големи делови од северот, покривајќи повеќе од 50% од енклавата.
Израел продолжува да го прекршува прекинот на огнот што го потпиша со Хамас, откако изврши стотици прекршувања и уби 366 Палестинци заклучно со четвртокот, според официјални извори од Газа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
