свет

Повеќе населби во Париз останаа без струја

„Енедис“, институција за инфраструктурата и одржувањето на линиите на електрична енергија, објави дека повеќе улици од зоните 1, 3, 4 и 5 во Париз биле без електрична енергија во 23:00 по локално време и централниот дел на Париз остана во мрак.

Esra Taşkın  | 09.12.2022 - Обновена : 11.12.2022
Повеќе населби во Париз останаа без струја

ПАРИЗ (АА) - Повеќе населби во францускиот главен град Париз се соочуваат со прекини на електрична енергија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на БФМТВ (BFMTV), врз основа на соопштението на „Енедис“, институција задолжена за инфраструктурата и одржувањето на линиите на електрична енергија, повеќе улици од зоните 1, 3, 4 и 5 во Париз биле погодени од прекини на електрична енергија во 23:00 по локално време и централниот дел на Париз остана во мрак.

Градоначалникот на Централната општина во Париз, Ариел Веил, синоќа во 22:42 часот по локално време преку Твитер соопшти дека во зона 4 и 5 дошло до прекин на електричната енергија.

Според веста на јавниот емитер „Франс инфо“ (Franceinfo), противпожарните служби во Париз потврдиле дека граѓаните ги контактирале нив поради прекинот на електричната енергија во зона 4, и дека случајот се чини дека е поврзан со дефект на трафостаница на „Енедис“. Противпожарните служби во Париз нагласија дека состојбата се регулира.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın