живот

Франција ќе го забрани пушењето на сите плажи во земјата

Новата регулатива, насочена кон заштита на јавното здравје и намалување на загадувањето, ги проширува ограничувањата што веќе се во сила во неколку крајбрежни градови

Elena Trenchevska Chekovic  | 20.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Франција ќе го забрани пушењето на сите плажи во земјата Фото: Mohamad Salaheldin Abdelg Alsayed/AA

СКОПЈЕ (АА) - Забрана за пушење на сите плажи во Франција ќе стапи на сила на 1 јули 2025 година, објавија локалните власти, јавува Анадолу.

Новата регулатива, насочена кон заштита на јавното здравје и намалување на загадувањето, ги проширува ограничувањата што веќе се во сила во неколку крајбрежни градови.

Медитеранскиот град Кањ-сур-Мер беше меѓу првите што усвои такви мерки, прогласувајќи ги своите плажи како места на забрането пушење во 2018 година и проширувајќи ја забраната на сите плажи во општината до 2023 година.

Властите велат дека националната политика е дел од пошироките напори за ограничување на употребата на тутунот и подобрување на чистотата на животната средина по должината на крајбрежјето на Франција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın