Пловечките пазари на реката Меконг во Виетнам, голема атракција за туристите
Овие динамични пазари им нудат на посетителите можност да купат егзотични овошја, зеленчук, локално кафе и традиционални виетнамски јадења, сето тоа директно од чамците

КАН ТО (АА) – Пловечките пазари во виетнамската делта на реката Меконг, кои традиционално служат како центар за купување и продавање стоки, исто така претставуваат и голема туристичка атракција, јавува Анадолу.
Овие динамични пазари им нудат на посетителите можност да купат егзотични овошја, зеленчук, локално кафе и традиционални виетнамски јадења, сето тоа директно од чамците.
Работејќи од рано наутро до зајдисонце, пловечките пазари остануваат неразделен дел од секојдневниот живот во регионот.
Делтата на Меконг, позната и како Западен или Југозападен Регион, се наоѓа во југозападниот дел на Виетнам, каде што реката Меконг се разгранува во широка мрежа на канали пред да се влее во морето.
Со површина од над 40.500 квадратни километри, делтата претставува витален економски и културен регион на Виетнам.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.