свет

Писма од војници во Првата светска војна пронајдени во шише на плажа во Австралија

- Шишето го пронашла локалната жителка Дебра Браун со своето семејство додека ја чистела плажата Вортон.

Saadet Gökce  | 31.10.2025 - Обновена : 01.11.2025
Писма од војници во Првата светска војна пронајдени во шише на плажа во Австралија

АНКАРА (АА) – Две писма напишани од војници во Првата светска војна беа пронајдени во шише што се појавило на брегот на оддалечена плажа во Западна Австралија, објави „Еј-би-си њуз“, јавува Анадолу.

Шишето го пронашла локалната жителка Дебра Браун со своето семејство додека ја чистела плажата Вортон.

Во шишето се наоѓале два писма од војниците Малколм Александер Невил од Јужна Австралија и Вилијам Кирк Харли, напишани во 1916 година, за време на Првата светска војна.

Браун го пронашла правнукот на Невил, Херби Невил, од Јужна Австралија.

„Ова откритие е неверојатно за нашето семејство“, изјави Херби Невил, додавајќи: „Неверојатно е колку многу нешта излегоа на виделина за неговото краткото време што го поминал во Првата светска војна.“

Во писмото на војникот Невил било откриено дека тој првично се пријавил во војска на почетокот на 1916 година, но бил ослободен по еден месец поради слабо видно поле.

Сепак, повторно се пријавил по само една недела, придружувајќи им се на вооружените сили, а подоцна бил убиен во Франција на 28-годишна возраст.

Второто писмо било на Вилијам Кирк Харли, кој ја преживеал војната. Неговата внука Ен Тарнер вели дека пронаоѓањето на писмото е „вистинско чудо“.

„Сите сме апсолутно изненадени. Петмина од внуците сѐ уште сме живи“, рече таа, додавајќи дека писмото претставува емотивна врска со минатото и со генерацијата што ја преживеала трагедијата на Првата светска војна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.