Пет лица загинаа, 35 се повредени во руски напад со дронови врз регионот Харков
„Бројот на жртви од непријателскиот напад врз Харков се зголемува. Почина 88-годишен маж кој беше хоспитализиран во исклучително критична состојба.“

ХАРКОВ (АА) - Пет лица загинаа, а 32 се повредени во напад со руски дрон во текот на ноќта врз регионот Харков, објави денес украински официјален претставник.
„Бројот на жртви од непријателскиот напад врз Харков се зголемува. Почина 88-годишен маж кој беше хоспитализиран во исклучително критична состојба. Сочувство до неговото семејство и најблиските. До сега пет лица загинаа, а 32 се повредени“, соопшти преку Телеграм Олех Синиехубов, шеф на Регионалната воена управа.Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Украина, се наведува дека нападот бил насочен кон една од станбените области на градот.
Од пожарот кој избувнал по нападот е забележана штета и на возилата кои биле во близина. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.