свет

Пентагон: Во околината на Вашингтон распоредени 1.600 војници

Протестите кои почнаа во САД поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд и понатаму траат

Kasım İleri  | 03.06.2020 - Обновена : 03.06.2020
Пентагон: Во околината на Вашингтон распоредени 1.600 војници

ВАШИНГТОН

Околу 1.600 американски војници се распоредени на подрачјето на Вашингтон и се во состојба на зајакната готовност, објави Пентагон, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Гласноговорникот на Пентагон, Џонатан Рат Хофман, рече дека силите, на барање на министерот за одбрана, Марк Еспер, се распоредени во воени бази во подрачјето околу главниот град, но не и во самиот Вашингтон.

Протестите кои почнаа во САД поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд и понатаму траат.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека во многу држави ќе употреби воена сила поради ескалацијата на насилството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın