свет

Палестина доби 72.000 дози на вакцини против Ковид-19

Министерството за здравство не прецизираше каков вид вакцина е стигната. Извор во Министерството, сепак, за АА изјави дека дозите на вакцините што пристигнале во Палестина од Ковакс се од АстраЗенека.

20.04.2021
Палестина доби 72.000 дози на вакцини против Ковид-19

ГАЗА (АА) - Палестина ја прими втората пратка од механизмот Ковакс предводен од Обединетите нации (ОН), што содржи 72.000 дози на вакцините против Ковид-19, соопшти Министерството за здравство, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во краткото соопштение за медиумите, Министерството соопшти дека 28.800 дози ќе бидат пренесени во Појасот Газа, а 43.200 дози на Западниот Брег.

Министерството не прецизираше каков вид вакцина е стигната. Извор во Министерството, сепак, за АА изјави дека дозите на вакцините што пристигнале во Палестина од Ковакс се од АстраЗенека.

Ковакс има за цел да обезбеди најмалку 2 милијарди дози вакцини за земјите со средни и ниски приходи до крајот на 2021 година.

Вчера, Министерството за здравство објави дека бројот на граѓани што примиле вакцина против коронавирусот на Западниот Брег и Појасот Газа достигнал 166.849, од кои 25.466 примиле две дози на вакцината.

На 17 март, Палестина ја прими првата пратка вакцини во рамките на глобалната иницијатива Ковакс и во неа беа вклучени 37.440 дози од вакцината Фајзер и 24.000 вакцини на АстраЗенека.

Палестинските здравствени власти досега регистрираа 310.555 случаи на коронавирусот и 3.319 смртни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın