свет

Пакистан: Оружјето поевтино од паметните телефони

Поголемиот дел од жителите на ова село, кое со години беа под влијание на талибанците, имаат мали работилници во кои рачно изработуваат различно оружје. На тој начин ги прехрануваат своите семејства

Yusuf Hatip  | 31.03.2017 - Обновена : 01.04.2017
Пакистан: Оружјето поевтино од паметните телефони

Dara Adamhel

ДАРА АДАМХЕЛ (AA) - Јусуф Хатип - Во близина на пакистанскиот град Пешавар, познат како најопасниот град во таа земја, се наоѓа селото Дара Адамел, во кое за ниски цени се продава оружје коешто е копија на познатите модели, пренесува Anadolu Agency (AA).

Поголемиот дел од жителите на ова село, кое со години беа под влијание на талибанците, имаат мали работилници во кои рачно изработуваат различно оружје. На тој начин ги прехрануваат своите семејства.

Жителите на селото опоколено со планини, претходно помагаа и во вооружувањето на талибанците, а денес во ова село има стотици продавници за продажба на ова оружје.

Во малите продавници можат да се најдат различни модели на оружје, меѓу кои и „калашников“, „берета“ и оружје од турска изработка.

Истијак е сопственик на една работилница и тој вели дека пакистанските власти во последно време се обидуваат да го спречат илегалното производство на оружје во тоа подрачје. Меѓутоа, тие како произведувачи се трудат овој бизнис да опстане на подрачјето на Пакистан каде што живеат племињата.

Според она што го кажува, цената на нивното оружје е многу пониска во однос на оригиналната изработка. Односно, Истијак истакнува дека оружјето се продава и по цени пониски од паметните телефони.

Сопственикот на друга продавница, кој сакаше да остане анонимен, порача дека оружјето не им го продаваат на терористите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.