свет

Островот Занзибар привлекува посетители со уникатните тури „сино сафари“

Турите започнуваат од регионот Фумба, во југозападниот дел на островот, и им нудат на посетителите можност да го истражат Индискиот Океан со традиционални „доу“ бродови

Ekipa  | 03.04.2025 - Обновена : 05.04.2025
Островот Занзибар привлекува посетители со уникатните тури „сино сафари“ Фото: Umut Karahasanoglu/АА

ЗАНЗИБАР (АА) – Занзибар, остров лоциран во близина на источниот брег на Африка, станува сè попопуларна туристичка дестинација благодарение на своите бели песочни плажи, историските камени улици и автентичните бродски тури познати како „синo сафари“, јавува Анадолу.

Турите започнуваат од регионот Фумба, во југозападниот дел на островот, и им нудат на посетителите можност да го истражат Индискиот Океан со традиционални „доу“ бродови.

Во придружба на искусни капетани, меѓу кои е и капетанот Сулејман, туристите имаат можност да пловат низ плитките тиркизни води, да нуркаат во близина на коралните гребени и да уживаат во погледот на шумите со палми што го обиколуваат брегот.

Дел од искуството се и малите песочни островчиња што повремено излегуваат од морето, создавајќи егзотична атмосфера за посетителите. Локалните водичи ги запознаваат туристите со традициите и културата на Занзибар, нудејќи им комбинација од природна убавина и автентично искуство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın