свет

Одбиена жалбата на кардиналот Џорџ Пел на пресудата за педофилија

„Ова е голем ден за сите. Ова е историски ден за светот бидејќи децата се сега на безбедно“, изјави Хаус

Recep Şakar  | 21.08.2019 - Обновена : 24.08.2019
Одбиена жалбата на кардиналот Џорџ Пел на пресудата за педофилија

МЕЛБУРН (АА) - Одбиена е жалбата на поранешниот ватикански ризничар кардинал, Џорџ Пел, на пресудата за сексуално злоупотребување на двајца малолетници, јавува Anadolu Agency (AA).

Пел е највисок службеник на Католичката црква, кој е осуден за сексуално злоупотребување малолетници. Неговата жалба се заснова на тоа дека пресудата се темели на изјавата на само една од двете жртви, бидејќи другата починала во 2014 година од последица на предозирање.

Откако е одбиена жалбата, одлуката ја поздравија семејствата и роднините на жртвите.

Роб Хаус, еден од жртвите, ја поздрави одлуката на судот, наведувајќи дека денес е историски ден.

„Ова е голем ден за сите. Ова е историски ден за светот бидејќи децата се сега на безбедно“, изјави Хаус.

Австралискиот кардинал Џорџ Пел претходно оваа година е осуден на шест години затвор поради сексуално злоупотребување.

Судот го осуди 78-годишниот Пел по обвинението за сексуално злоупотребување на две момчиња во текот на 1996 и 1997 година, кога ја извршувал функцијата кардинал во Катедралата во Мелбрун.

Осудениот Пел во јуни започна жалбена постапка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.