свет

Обвинителството на МКС почна истрага за израелските воени злосторства на окупираната палестинска територија

Главната обвинителка на Меѓународнот кривичен суд (ICC) Фатоу Бенсуда порача дека истрагата е насочена кон највисоките функционери и најодговорните луѓе кои извршија злосторства, а од жртвите побара да бидат трпеливи

Selman Aksünger   | 03.03.2021
Обвинителството на МКС почна истрага за израелските воени злосторства на окупираната палестинска територија

ДЕН ХАГ 

Главната обвинителка на Меѓунариодниот кривичен суд (ICC) Фатоу Бенсуда потврди дека почнала официјална истрага за израелските воени злосторства на окупираната палестинска територија, јавува Агенција Анадолија (АА).

По одлуката на Судот надлежноста за истражување на предметните злосторства да ја опфаќаат Газа, Западниот бред и Источен Кудс (Источен Ерусалим), обвинителството денес започна официјална истрага, се наведува во соопштението на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Напоменувајќи дека истрагата ќе биде спроведена праведно, непристрасно и независно, Бенсуда порача дека таа нема друга цел освен да ги исполни основните цели на Судот.

Бенсуда додаде дека истрагата е насочена на највисоките функционери и најодговорните луѓе кои извршија злосторства, а од жртвите побара да бидат трпеливи.

Потсетуваме, во одлуката која кон почетокот на февруари ја донесе Меѓународниот кривичен суд од прв степен, наведено е дека Газа, Западен Брег и Источен Кудс (Источен Ерусалим) во рамките на палестинските територии кои се вклучени во истрагата.

Во одлуката е наведено дека Палестина е страна на Римскиот статут, а нејзините граници ја вклучуваат Газа, Западен брег и Источен Кудс, кои се окупирани од 1967 година. Нагласено е дека Палестина е страна во МКС како останатите земји членки.

Во одлуката, со која Судот имаше за цел да ги утврди подрачјата што припаѓаат под негова надлежност, се наведува дека со Палестина, која ги исполнила условите за членство во МКС, ќе се постапува како и со другите земји членки. Исто така се вели дека е потврдено правото на самоопределување на палестинскиот народ и дека преговорите во Осло не ја ограничуваат надлежноста на Судот.

Застапувајќи дека Палестина треба да се смета како страна во овој случај, обвинителката на МКС, Фатоу Бенсуда, на 30 април 2020 година побара од Судот да ја изврши својата надлежност во Источен Кудс, Газа и на Западниот Брег. Бенсуда кон крајот на 2019 година порача дека сака да започне истрага против Израел за воените злосторства на палестинска територија.

Тогаш наведе дека е завршена прелиминарната истрага на ситуацијата во Палестина, започната во 2015 година, и порача дека е убедена дека постојат разумни причини за продолжување на истрагата. Со оглед на тоа што Израел не е земја членка на МКС, Бенсуда побара од судиите да ја утврдат географската рамка на истрагата за да може таа да продолжи.

Побара и потврда дека територијата над која Судот може да ја извршува својата надлежност и која може да биде подложена на истрага ги опфаќа Западниот Брег со Источен Кудс и Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın