Нова Година пристигна во Австралија
Прослава беше приредена во сите поголеми градови на Австралија. Во близина на реката Јара, која го дели центарот на Мелбурн стотици илјади луѓе новата 2017 година ја пречекан со огномет, кој беше пуштен на 17 локации

Melburne
МЕЛБУРН (АА) - Пристигнувањето на новата 2017 година во Австралија се одбележа со спектакуларен огномет во Сиднеј и Мелбурн, јавува Anadolu Agency (AA).
Прослава беше приредена во сите поголеми градови на Австралија. На прославата во Сиднеј и Мелбурн беа присутни олколу два милиони луѓе.
Во близина на реката Јара, која го дели центарот на Мелбурн стотици илјади луѓе Новата 2017 година ја пречекан со огномет, кој беше пуштен на 17 локации.
Огнометот кој беше пуштен од мостот Харбур над операта во Сиднеј и кој траеше 12 минути, беше проследен од околу 1,5 милиони луѓе. Прославата беше обезбедувана од околу 2.000 полицајци. Беа пуштени седум тони огномет.
Новата 2017 Година пристигна и во Самоа и Република Кирибати на Тихиот Океан. Тие се околу 13 часа разлика со споредба со средноевропското време.