свет

Нигер: Во напад на џамија животот го изгубија 10 цивили

Напаѓачите, кои дошле со мотоцикли за време на молитвата, отвориле оган врз верниците

Fatma Esma Arslan   | 14.10.2021
Нигер: Во напад на џамија животот го изгубија 10 цивили

ДАКАР (АА) - Десет цивили го загубија животот во терористички напад врз џамија во регионот Тилабери во Нигер, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите на локалните медиуми, џамија во селото Абанкор, лоцирано на границата со Нигер, Мали и Буркина Фасо, била нападната од страна на терористи.

Напаѓачите, кои дошле со мотоцикли за време на молитвата, отвориле оган врз верниците.

Во терористичкиот напад загинаа 10 лица. Се стравува дека бројот на жртвите можно е да се зголеми.

Терористичките групи поврзани со Ал Каеда и ДЕАШ, кои дејствуваат во соседната држава Мали, често вршат напади во Буркина Фасо и Нигер.

Покрај тоа што Нигер спроведува заеднички воени операции со Буркина Фасо, другиот сосед од Сахел, тоа не може да ја ослабне моќта на терористичките групи стационирани во Мали.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), 313.000 луѓе се раселени во последните три години поради терористичките напади во Нигер, а 235.000 луѓе мораа да се засолнат во соседните земји.

„Хјуман рајтс воч“ (HRW) соопшти дека од јануари до јули, 420 цивили се убиени во девет терористички напади на границата на Нигер со Мали и Буркина Фасо.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın