свет

Нетанјаху го критикуваше користењето на логото на Палестинската управа од Националниот комитет за администрација на Газа

„Израел нема да прифати користење на симбол на Палестинската управа. Палестинската управа нема да има никаква улога во управувањето со Газа“

Serdar Dincel  | 03.02.2026 - Обновена : 03.02.2026
Нетанјаху го критикуваше користењето на логото на Палестинската управа од Националниот комитет за администрација на Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го критикуваше Националниот комитет за администрација на Газа (NCAG) поради одлуката да го ажурира своето лого и да го усогласи со амблемот на Палестинската управа (ПУ), пренесува Анадолу.

„Логото на Националниот комитет за администрација на Газа што беше претставено на Израел беше целосно различно од она што беше објавено вечерва“, соопшти Кабинетот на Нетанјаху, пренесоа израелските медиуми.

„Израел нема да прифати користење на симбол на Палестинската управа. Палестинската управа нема да има никаква улога во управувањето со Газа“, се додава во соопштението.

Нетанјаху настојува целосно да ги раздвои двете тела и остро се спротивставува на каква било улога на Палестинската управа во Газа иако минатата недела призна дека претставници на Палестинската управа ќе учествуваат во оперативниот механизам на граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет.

Националниот комитет за администрација на Газа засега не се изјасни за изјавите на израелскиот премиер.

Комитетот е формиран во рамките на напорите за спроведување на втората фаза од Сеопфатниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на конфликтот во Газа, заедно со Основниот извршен одбор и Извршниот одбор за Газа кои ја поддржуваат работата на Комитетот.

Националниот комитет за администрација на Газа е неполитичко тело задолжено за управување со секојдневните прашања во јавната администрација.

Тој се состои од 11 познати Палестинци и од претседателот на ова тело, Али Шаат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.